Гласачите во Чиле го отфрлија предлогот за замена на Уставот од времето на Пиноче
Гласачите во Чиле со огромно мнозинство го отфрлија прогресивниот нацрт-устав што би го заменил оној што ѝ беше наметнат на земјата од диктаторот Аугусто Пиноче пред повеќе од 40 години. Официјални лица денеска објавија дека со преброени 99,9 насто од гласовите на референдумот на 4 септември, 61,9 насто гласале против новиот устав, наспроти 38,1 насто кои биле за. Претседателот Габриел Бориќ водеше силна кампања во корист на новата повелба и по гласањето рече дека најверојатно ќе има „корекции на нашиот владејачки тим“.
35 годишниот Бориќ, нов претседател на Чиле
Сепак, тој јасно стави до знаење дека процесот за промена на уставот не е при крај и ги повика лидерите да „работат со поголема решителност, повеќе дијалог, повеќе почит“ за да изготват ревидиран нацрт „што не обединува како земја“. Критичарите, сепак, рекоа дека тоа е предолго, нејасно и отиде предалеку во воспоставувањето автономни региони и давањето приоритет на животната средина и родовата еднаквост.