Актерката Стојановска ослободена од вина за шверц на дрога
Актерката Силвија Стојановска е ослободена од обвинението за транспорт на дрога откако за делото беше осудена на казна затвор од три и пол години. Апелациониот суд го врати предметот, а на повтореното судење, судијата Огнен Ставрев истакнал дека јавниот обвинител не докажал дека Стојановска го сторила кривичното дело за кое се товари.
Првообвинетиот Воислав Будисавјевиќ доби седум години затвор. Според обвинението, Стојановска и Будисавјевиќ организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.
Три и пол години затвор за актерката Силвија Стојановска
Од истрагата, Обвинителството утврдило дека обвинетите меѓусебно комуницирале со користење телефонски мобилни уреди и мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање евентуална полициска инсталација и дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки.
Стојановска и Будисављевиќ беа приведени на крајот на декември во 2020 година.