Бројот на загинати од земјотресот во Кина се искачи на 82
Бројот на жртвите од земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтер во југозападната кинеска провинција Сечуан се искачи на 82, јавија државните медиуми. Земјотресот, кој се случи на 5 септември, беше најсилен во оваа покраина од 2017 година.
Повеќе од 270 луѓе се повредени, а 35 се водат како исчезнати, јави државната телевизија. Властите повторно ги отворија патиштата кои водат до епицентарот во областа на градот Лудинг.
Силен земјотрес ја погоди кинеската југозападна провинција Сечуан
Афтершок со јачина од 2,9 степени го потресе градот доцна на 7 септември. Метеоролозите издадоа портокалово предупредување за можни геолошки настани во Лудинг, вклучително и лизгање на земјиштето.
Помалку итно жолто предупредување е издадено за централниот и западниот дел на Сечуан.
Највисокото ниво на геолошко предупредување во Кина е црвено, а потоа портокалово, жолто и сино.