Турција - Рециклирањето пластика сериозно го нарушува здравјето на работниците
Токсичното загадување од рециклирањето пластика придонесува за сериозни здравствени влијанија врз работниците и луѓето кои живеат во близина на капацитетите за рециклирање во Турција, покажува извештај на „Хјуман рајтс воч“ кој целосно ќе биде објавен овој месец.
Меѓу здравствените проблеми се кои се соочуваат луѓето и работниците се чести респираторни проблеми, тешки главоболки и зголемен ризик од акутни, долготрајни болести како рак.
Пластичното лоби и (не)успесите во рециклирањето
Работниците во капацитетите за рециклирање пластика се од најранливите популации во Турција, вклучувајќи ги и децата работници, бегалците и мигрантите без документи.
Овој извештај открива дека турската влада не успева да се справи со влијанијата врз човековите права од рециклирањето пластика поради несоодветното спроведување на законите и регулативите.
Значително количество на пластичниот отпад преработен во Турција е увезен од Европа, што ја нагласува потребата Европската унија да го преработува сопствениот отпад, наместо да извезува отпадни производи во земјите каде што придонесува за кршење на човековите права.