Ковачевски – Матарела: Поддршка од Италија за македонските евроинтеграции
Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со претседателот на Италија, Серџо Матарела кој е во официјална посета на земјава, а на средбата била нагласена и улогата на државата во регионот, како земја којашто ги решава предизвиците низ храбро лидерство, при што била најавена голема поддршка од Италија и во натамошниот евроинтегративен процес.
„Премиерот Ковачевски се заблагодари за големата поддршка што ја дава Италија на Северна Македонија во трите децении од воспоставените дипломатски односи, во евроатлантските интеграции и посебно во рамки на процесот со којшто, по 17 години, конечно започнаа преговорите со ЕУ“, информираат по средбата од прес-службата на Владата.
Матарела: Без влезот на земјите од Западниот Балкан, ЕУ нема да биде целосна
На состанокот присуствувале и заменичката на премиерот задолжена за добро владеење, Славица Грковска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Притоа биле потврдени искреното пријателство и добрите релации помеѓу двете земји.
„Истакната е јасната позиција на Италијанската Република дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан мора да продолжи, што се покажува неопходно и во рамки на глобалните, актуелни случувања“, се вели во владиното соопштение.
Чапутова: Oчекувам многу скоро да сме заедно во ЕУ
Притоа, како што информираат од Владата било разговарано и за други актуелни прашања, посебно околу справувањето со предизвиците за обезбедување енергија, со коишто се соочуваат Европа и светот.
Во рамки на официјалната посета, италијанскиот претседателот се сретна и со својот македонски колега, Стево Пендаровски при што заедно положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Добрата соработка меѓу Македонија и Италија била потврдена и на средбата во претседателскиот кабинет, каде Матерала беше пречекан на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести.
Италијанскиот претседателот имаше тет-а-тет средба и со собранискиот спикер Талат Џафери, каде била истакната безрезервната поддршка на традиционално партнерските држави.