Пратениците ќе дебатираат за Јовески и Климовски, кој од нив да биде уставен судија
Кандидатурите за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески како предлог на владејачките партии и предлогот на опозицијата – универзитетскиот професор Саво Климовски денеска е на дневен ред во Собраниската комисија за именување и избори.
Кацарска- Ако до декември не се изберат нови судии, ќе влеземе во уставна криза
До сега во собраниската комисија беа усвоени само предлозите на власта и тоа кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер.
Во петокот, комисискиот филтер не го поминаа кандидатите Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска. Досега е одбиена и кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска, која беше предложена од опозицијата.
Џафери повика да се одблокира изборот на уставни судии
Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена на четворица им е истечен мандатот. Доколку набрзо не се изберат нови уставни судии се заканува и уставна криза, затоа што во ноември истекува мандатот на уште една уставна судијка.