ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ има план за отфрлање на иницијативата за референдум, СДСМ: опозицијата да ја научи процедурата
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го обвини владејачкиот СДСМ дека подготвува план за отфрлање на иницијативата за Референдум.
„Свесни се дека над 60% од Македонците го поддржуваат Референдумот и би излегле на истиот, тие подготвуваат сценарио тој воопшто и да не се случи.
Во таквото сценарио главна улога треба да одигра Талат Џафери, кој само ќе го спроведе даденото од Ковачевски. Власта знае дека огромно мнозинство од народот кој ќе излезе на Референдум ќе гласа за поништување на договорот со Бугарија, и затоа бега“, изјави Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ одговорија дека ваквите обвинувања се паушални и тенденциозни и дека „пратеничката група на СДСМ ќе постапи државнички“.
„Иницијативата не е стигната пред пратениците и оттука ваквите обвинувања се паушални, односно тенденциозни со цел ВМРО – ДПМНЕ гласно да не го каже она што го знае, дека референдумот против ЕУ нема да успее.
Ова покажува дека всушност единствената цел на ВМРО – ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е преку барањето за референдум да ја спасува својата фотелја и токму затоа секојдневно ја злоупотребува темата со паушални и неосновани обвинувања.
Мицкоски: Референдум мора да има
Мицкоски поднесе иницијатива за референдум за престанок на важење на Договорот со Бугарија
Пратеничката група на СДСМ како и секогаш во изминатите години ќе постапи државнички, а ставот ќе го соопшти откако иницијативата ќе се најде пред пратениците“, се наведува во соопштението од СДСМ.
Инаку ВМРО-ДПМНЕ пред два дена ја поднесе до Собранието иницијативата за референдумско изјаснување околу договорот со Бугарија со собрани околу 650 потписи.
Според одлуката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, референдумското прашање треба да гласи: „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, објавен во „Службен весник“ на РМ, број 12/2018 од 18.1.2018 година“.