Џафери ја отфрли иницијативата за референдум како неуставна
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништување на договорот со Бугарија како неуставна.
Во одговорот до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Џафери пишува дека иницијативата за референдум не е во согласност со Уставот во кој е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани од Собранието се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.
Мицкоски: Референдум мора да има
ВМРО-ДПМНЕ достави иницијатива за референдум пред четири дена, но Џафери беше надвор од земјата.
Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ е за задолжителен референдум на државно ниво за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.