Србија ја зголемува минималната плата на 341 евра
Минималната цена на работен час во Србија од 1 јануари 2023 година ќе биде 230 динари (1,96 евра), а минималната плата 40.020 динари (341 евро), изјави министерот за финансии Синиша Мали по седницата на Социјално-економскиот совет (СЕС).
Минималната цена на работен час досега беше 201 динари, а минималната плата околу 35 илјади динари, односно околу 300 евра.
Инфлацијата ги изеде оброците
Со ова платата се зголемува за околу 14 проценти.
Мали рече дека зголемувањето на минималната плата ќе доведе до годишно зголемување на деловните трошоци за 350 милиони евра, но оти државата ќе покрие дел од трошокот за да нема отпуштања.
Синдикатите бараа минималната плата да се зголеми на 366 евра, затоа што инфлацијата веќе го „изела“ покачувањето.