Нови 165 ковид позитивни, тројца починати
Во последните 24 часа регистрирани се 165 нови случаи на ковид-19 од направени 1.088 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (165), регистрирани се 39 реинфекции.
Одложено судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се 3 починати лица, по едно лице од Скопје, Битола и Гостивар, на возраст од 70-78г. Сите лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во периодот од 5 до 10 септември, но биле пријавени сега.
Регистрирани се 384 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 341.748, бројот на оздравени пациенти е 331.595, на починати е 9.515, а бројот на активни случаи изнесува 638.