Неуспешниот партиски пазар на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ на штета на граѓаните
Продолжува серијата оставки на функционери од ВМРО-ДПМНЕ од директорски позиции во Град Скопје. Сите ја обвинуваат градоначалничката Арсовска за лошо раководење со градот, а таа им возвраќа дека отчет треба да и даваат неа, а не на партискиот лидер. ВМРО-ДПМНЕ, која ја поддржа на локалните избори, сега најавува дека може да ја повлече поддршката. Скопјани и натаму ќе чекаат на големите проекти како пречистителна станица.