Нова иницијатива за референдум или целосна блокада на Собранието?
Партијата Левица тврди дека има договор со ВМРО-ДПМНЕ целосно да го парализираат Парламентот ако претседателот Џафери ја отфрли нивната иницијатива за референдум. Лидерот на опозицијата Мицкоски ја поддржа иницијативата, но не кажа дали ќе го блокираат Собранието. За власта, еднонационални референдуми можат да бидат опасен преседан за државата.