Времето денеска: променливо облачно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер.
На места врнежите ќе бидат пообилни. Се очекува да наврнат и над 25 л/м2 воден талог.
Невремињата стануваат безбедносна закана
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 26 степени.