Променливо облачно и посвежо време
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во утринските се очекува локален слаб дожд. Во текот на денот, облачноста ќе се намали.
Ќе дува умерен до засилен ветар, а вдолж Повардарието повремено силен северен ветер што ќе услови значително опаѓање на дневната температура. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.
Планот за справување повторно доцни, сушите и поплавите не чекаат
Во Скопје претпладне променливо облачно, во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 20 степени.
Како што информира УХМР, до осум часот утрово најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Лазарополе, 28 литри на метар квадратен, а најмалку во Тетово, три литри.