Претседателот Пендаровски во Лондон ѝ оддаде последна почит на Кралицата Елизабета Втора
Претседателот Стево Пендаровски во Лондон ѝ оддаде последна почит на британската Кралица Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија.
На својот Фејсбук профил сподели и фотографија од потпишувањето во книгата на жалост во Лондон.
„Дојдовме во Лондон за да оддадеме последна почит на Кралицата Елизабета Втора. Голема почит за децениите во служба на народот и за тоа што беше пример за лидерство, скромност и великодушност. Нека почива во мир“, напиша Пендаровски.
Претседателот утре ќе присуствува на погребот на кралицата.
Шефови на држави од цел свет пристигнуваат во Лондон за погребот на кралицата
Британската кралица Елизабета Втора почина во Балморал на 96-годишна возраст. Таа помина 70 години на престолот.
Државниот погреб на кралицата, прв во Британија по смртта на нејзиниот прв премиер Винстон Черчил во 1965 година, ќе се одржи утре во Вестминстерската опатија во Лондон.