Бугарија и Македонија не се договорија за цената на струјата што би се извезувала
Бугарија и Северна Македонија не успеаја да постигнат договор за цената на струјата што бугарските производители треба да ја извезат во Скопје, објави бугарскиот медиум БНР.
Како што јави дописникот на Македонската Информативна Агенција, работна група од Македонија престојувала во Софија.
На состанокот учествуваа директорите на македонските енергетски компании – Васко Ковачевски од АД ЕСМ и Орхан Муртезани од МЕПСО, како и Виктор Андонов – советник на премиерот Димитар Ковачевски.
Бугарија ќе и помага на Македонија во справување со енергетската криза
На средбата не е постигнат договор за цената и трошоците за транспорт на електрична енергија.
Работните групи повторно ќе се состанат во текот на следната недела за да се обидат да постигнат договор за снабдувањето со електрична енергија.
На 5 септември премиерите на двете земји Галаб Донев и Димитар Ковачевски се договорија да бидат извезени околу 200 мегават часови електрична енергија од Бугарија во Северна Македонија.