Државен погреб на кралицата Елизабета Втора
Денеска ќе биде одржан државниот погреб на британската кралица Елизабета Втора која на 8 овој месец почина во нејзиниот имот Балморал во Шкотска на 96-годишна возраст. Таа беше кралица од 1952 година.
Шефови на држави од цел свет пристигнуваат во Лондон за погребот на кралицата
Нејзината смрт стави крај на најдолгото кралско владеење во британската историја. Погребот ќе се одржи во Вестминстерската опатија, кралска црква во центарот на Лондон. Се очекува да присуствуваат американскиот претседател Џо Бајден и други светски лидери. Британија го прогласи 19 септември за празник во чест на кралицата.