Косовската разузнавачка служба го информирала Курти за наводни планови за негов атентат
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека добил информација од Косовската разузнавачка агенција (КИА) дека има план за негов атентат во 2021 година.
„Безбедносните институции ги презедоа сите мерки за да спречат ваква акција. Овој случај не беше изнесен во јавноста за да не се шири паника“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот на Косово.
Во соопштението нема други информации, но врз основа на извештаите на медиумите во Албанија, антитерористичката единица на косовската полиција добила информации од разузнавачки извори за закани за убиство на три лица: Албин Курти, Џавит Халити и Исмет Хаџа.
Лавиринт од српски до косовски документи
Халити, пратеник во косовското Собрание од опозициската Демократска партија на Косово, за локалните медиуми во Косово потврди дека ја добил оваа информација, според која животот му е загрозен.
Исмет Хаџа е поранешен член на Косовската информативна служба.
Курти – Косово сака членство во НАТО
Според пишувањата на медиумите, албанскиот државјанин П.К наводно ги планирал нивните убиства. Во истиот документ се наведува дека бил вмешан во повеќе убиства во Косово и Црна Гора.
Балканскиот сервис на Радио Слободна Европа не можеше да ја потврди автентичноста на тој документ.