„Огледало – лице в лице“ - уметничка порака за нов почеток
Педесетина истакнати автори од Италија и Македонија со околу стотина нивни ликовни дела се претставени на изложбата на современа графика: „Огледало – лице в лице“, што од 15 септември и во наредните два месеца се одржува во Културно-информативен центар во Битола.