Македонија во минус, Албанија целосно зелена, БиХ произведува струја и за извоз
Македонија увезува дури една третина од струјата и е најзависна земја од увоз во регионот. Над 90 отсто од струјата во Косово е од јаглен, а целата струја во Албанија е од обновливи извори. Црна Гора произведува најмногу струја од ветер. Босна и Херцеговина е единствена која има и за извоз.