Во Варшава конференција за човековата димензија
Десетдневната конференција што денеска почнува во Варшава ќе биде посветена на дискусии за состојбата на човековите права и основните слободи во областа на ОБСЕ. Конференцијата ќе обезбеди платформа за оценување на имплементацијата на заложбите на ОБСЕ за човековата димензија и ќе понуди простор за состаноци за нејзините учесници да ја претстават својата неодамнешна работа и да ги означат прашањата за кои сметаат дека им треба итно внимание на меѓународната заедница.
Османи во Виена ќе ги претстави приоритетите на Северна Македонија за претседавањето со ОБСЕ
За време на пленарните сесии, учесниците ќе имаат можност да се осврнат врз целината на заложбите за човековата димензија на ОБСЕ: Демократски институции, владеење на правото, толеранција и недискриминација, фундаментални слободи и хуманитарни прашања. Конференцијата е отворена за претставници на државите-учеснички на ОБСЕ, Партнери за соработка, институции и извршни структури на ОБСЕ, претставници на меѓувладини организации, претставници на граѓанското општество и други засегнати страни со соодветно искуство од 57-те земји-учеснички.