Шефот на дипломатијата на Чешка на Косово, главна тема е визната либерализација
Министерот за надворешни работи на Чешката Република Јан Липавски денеска во Приштина ќе се сретне со претседателката Вјоса Османи и со вицепремиерот Бесник Бисљими. Се очекува главна тема на разговор да биде визната либерализација. Чешка е претседател на Европската унија и, како што потврдија од ЕУ, на дневен ред на состанокот на Европскиот совет на 13 октомври го вклучила и прашањето за визната либерализација за Косово. „Бидејќи претседателството на Чешка смета дека постојат кредибилни надворешнополитички причини за либерализација на визниот режим за Косово, таа се надева дека сите земји-членки на ЕУ ќе постигнат политички договор за ова прашање“, се наведува во документот. Чешкото претседателство ја споменува визната либерализација за Косово како пример за тоа како ЕУ може да го зголеми кредибилитетот во регионот.
ЕП: Погрешна е одлуката на Франција да го блокира укинувањето визи за Косово
„Визната либерализација е клучен елемент во процесот на интеграција на Косово во ЕУ, кој е одамна задоцнет. Косово е единствената земја на Западен Балкан (и една од ретките земји во Европа) која сè уште не обезбедила безвизен режим режим со ЕУ. Овој факт има значително негативно влијание врз атмосферата во таа земја и врз ставовите на граѓаните на Косово за исправноста и кредибилитетот на ЕУ“, се наведува во писмото со покана за средбата на 13 октомври.