Нови 105 ковид позитивни, нема починати
Во последните 24 часа регистрирани се 105 нови случаи на ковид-19 од направени 735 тестови, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 22 реинфекции.
Во Скопје се регистрирани 78 нови ковид-позитивни, потоа следат Битола – 9, Прилеп – 3, Куманово, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица и Штип – по 2, Кичево, Берово и Кратово – по 1. Регистрирани сe 49 оздравени пациенти.
Пандемијата помина, автобусите останаа полупразни
Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице, а нема починати ниту од Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 342.880, бројот на оздравени пациенти е 332.855, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 491.