Седницата за пратенички прашања - дебата со размена на навреди
Енергетската криза беше меѓу главните теми на собраниската седница за поставување пратенички прашања. Но, и овој пат не изостанаа навредите на релација власт-опозиција. Пратениците на опозицијата генерално не беа задоволни од одговорите на владините министри.