Босанскиот премиер Новалиќ и бизнисменот Станковиќ на црната листа на САД
Министерството за финансии на Соединетите држави му воведе санкции на премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, поради поткопување на демократските процеси, соопшти Американската амбасада во Босна и Херцеговина. На американската „црна листа“ се најдоа и бањалучкиот бизнисмен Слободан Станковиќ и неговата компанија „Интеграл Инжењеринг“ од Лакташ поради нивната поврзаност со лидерот на Алијансата на независни социјалдемократи Милорад Додик, кој претходно беше на црната листа.
САД го зголемуваат притисокот против корупцијата во Македонија и на Балканот
На веб-страницата на Министерството за финансии на САД се додава дека тој е ставен на „црната листа“ поради директно и индиректно учество во акции или политики кои ги поткопуваат демократските процеси или институции во Западен Балкан. „Соединетите држави ќе ги искористат сите средства што им се на располагање за да ги повикаат на одговорност оние кои ги поткопуваат демократските процеси во Босна и Херцеговина или поддржуваат дестабилизирачки активности“, објави американската амбасада во Босна и Херцеговина.