Борисов бара разговори за коалиција по победата на изборите
Бугарската централно-десничарска партија ГЕРБ ќе бара разговори со своите политички ривали за да се обиде да формира влада по победата на националните избори во текот на викендот, изјави денеска нејзиниот лидер, поранешниот долгогодишен премиер Бојко Борисов.
Слаби изгледи за влада во Бугарија откако ГЕРБ победи на изборите
Тој рече дека би бил подготвен и да не стане премиер доколку тоа е она што е потребно за да се договори функционална коалиција и додаде дека нови предвремени избори - по четирите во последните две години - нема да даде различни резултати. ГЕРБ победи на изборите на 2 октомври со 25,3 насто од гласовите, но се соочува со предизвик да формира владејачка коалиција. Предвремените избори дојдоа откако кревката коалиција предводена од Кирил Петков од реформската антикорупциска партија Продолжуваме со промените го загуби гласањето за недоверба во јуни. Бугарија со речиси 7 милиони жители е зафатена од политички ќор-сокак од 2020 година, кога беше потресена од протести низ целата земја. Голем дел од гневот беше насочен кон Борисов и неговата партија ГЕРБ.