Лајчак во Белград на средба со Вучиќ
Лајчак во ненајавена посета на Приштина
Вучиќ и Лајчак денеска ќе се сретнат за прв пат откако претседателот на Србија објави дека лидерите на Германија и Франција, Олаф Шолц и Емануел Макрон му понудиле предлог за Косово. Суштината на предлогот, според Вучиќ, е Србија, без формално признавање на независноста на Косово, да се согласи со влезот на Косово во сите меѓународни организации, вклучително и ОН, а за возврат да добие „брз влез во ЕУ и веројатно значителни економски придобивки“. Лајчак во петокот рече дека главните теми на неговата средба со Курти биле „патот кон нормализација на односите“, земајќи ја предвид „интервенцијата на Шолц и Макрон“, како и енергијата и регистарските таблички.