Регистрирани 11 нови случаи на ковид-19, двајца починати
Во изминатото деноноќие се регистрирани 11 нови случаи на коронавирус во Македонија од направени 248 тестови, информира Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа нема починати од ковид-19, но преку системот Мој термин дополнително се пријавени две лица кои починале на 21 и 22 октомври. Починатите имале 66 и 80 години.
Вознемиреност, страв, фрустрации - кризата зема данок врз здравјето
Регистрирани се 56 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.927, бројот на оздравени пациенти е 334.129, на починати е 9.561 а бројот на активни случаи изнесува 237.