Министри од Г7 го осудија насилното задушување на протестите во Иран
Министрите за надворешни работи од Г7 во петокот го осудија одговорот на Техеран на бранот протести во Иран предизвикани од смртта на младата Махса Амини.
„Понатаму ја осудуваме бруталната и непропорционална употреба на сила против мирните демонстранти“, се вели во изјавата на министрите по дводневните разговори во германскиот град Минстер.
„Ние се залагаме за правото на сите Иранци да пристапат до информации и ја жалиме ерозијата на цивилниот простор од страна на иранската влада и независното новинарство, нејзиното таргетирање на бранителите на човековите права, вклучително и со затворање на интернетот и социјалните медиуми“, се вели во заедничката изјава на министрите за надворешни работи .
Протестите во Иран пркосат на предупредувањето на владата
Од смртта на Амини на 16 септември, илјадници луѓе демонстрираа низ целата земја против свештеничкиот естаблишмент. А на социјалните мрежи продолжуваат да се појавуваат видеа кои покажуваат доказ за насилниот одговор на владата на протестите.
Групата „Иран за човекови права“ со седиште во Осло соопшти дека владините сили за време на протестите убиле најмалку 277 луѓе, вклучително и 40 деца.