Бардел е новиот лидер на екстремната десница во Франција
Ле Пен беше втора на француските претседателски избори во април, кои ги загуби од актуелниот претседател Емануел Макрон.
Дваесет и седумгодишниот Бардел, пратеник во Европскиот парламент, е првиот шеф на таа партија надвор од семејната династија. Партијата беше основана од Жан Мари Ле Пен како Национален фронт во 1972 година, а раководството на партијата, преименувано во Национален собир, подоцна го презеде неговата ќерка Марин Ле Пен.
Европската десница зема замав, расте ли евроскептицизмот?
Ле Пен рече дека по повеќе од една деценија е време да отстапи место на некој нов и рече дека нејзината оставка од претседателската функција не значи дека ја напушта партијата.
„Не ја напуштам партијата за да одам на одмор, останувам активна. Ќе бидам таму каде што и требам на земјата“, рече Ле Пен на партиската конвенција.