Републиканците водат на изборите за Претставничкиот дом, изедначено за Сенатот
Со затворањето на гласачките места во Аљаска, заврши долгата изборна ноќ во Соединетите Држави. Победата на републиканците во Конгресот е извесна, додека трката за Сенатот продолжува, иако се очекува демократите да ја задржат контролата, откако демократот Џон Фетерман победи во Пенсилванија.