Пријави за бомби во четири училишта, премиерот тврди дека се дел од хибридната војна
Дојави за поставени експлозивни направи се добиени за уште две училишта во Скопје, покрај двете училишта за кои претходно информираше МВР.
„Пријавата за новите бомби е добиена околу 10 часот, а половина час претходно стигнаа дојавите и за првите две училишта, од кои едното е гимназијата „Јосип Броз Тито“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите четири училишта. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
Нови дојави за бомби во две училишта во Скопје
Дојавите за бомби во средните училишта се чин на хибридна војна кон нашата земја и регионот, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
„Целиот регион е цел на хибридна напади за создавање вознемиреност кај граѓаните. Досега имавме хакерски напади на неколку институции. Со нив добро се справивме бидејќи добивме помош од нашите НАТО партнeри. Гледате дека и Aлбанија беше под константни напади. Ова е дел од таквата стратегија на хибридната војна. Не случајно тие ги таргетираат училиштата бидејќи таму сме најранливи, бидејќи таму се нашите деца, моите, вашите. Министерството за внатрешни работи нормално интервенира, како и секторот за електронски криминал, кој работи да утврди од каде доаѓаат тие лажни дојави кои доаѓаат до нас“, изјави Ковачевски на денешната прес конференција.
Ова не е прв случај на пријави на бомби во училиштата низ Скопје. Во изминатите две недели неколку дена по ред на неколку училишта на нивните електронските адреси добиваа дојави за бомби, кои по проверката од страна на МВР се потврди дека се лажни.