Бектеши очекува поевтинување кај месото и млекото за неколку дена
Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека во во наредните десет дена се очекува намалување на цените на основните прехранбени производи, посебно на тие наведени во Одлуката за утврдување на маржите од 5 до 12 отсто. Вели дека лебот веќе почна да поевтунува, а ке следат месото и млекото.
„Очекуваме во наредните 3-4 дена намалување на цените на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела и намалување на цените на месните производи“, соопшти Бектеши.
Храната ќе поевтини, ќе видиме за колку
Според Бектеши, од 1 декември се очекуваат и поголеми поевтинувања, ако суровините останат со истите увозни цени.
„Утре ќе се донесе дополнителна одлука со која ќе се прошири списокот на дејностите кои ќе бидат поддржани од Владата согласно барањата на Стопанската комора и целиот ланец на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енргија“, додаде министерот.
Според него, преку Царинската управа се следат увозните цени.
Боранија за 60, кашкавал за 300 денари, земјоделците се префрлија на Интернет
„И таму почна да има намалување, а листата на тие што ќе добијат субвенционирана струја ќе се достави до Државниот пазарен инспекторат и ќе се направат соодветните контроли. Ги повикувам потрошувачите и граѓаните, доколку утврдат дека нема намалување на овие производи согласно процентите, да пријават во Државниот пазарен инспекторат, рече Бектеши.