Рускиот амбасадор во Белград: Москва нема потреба да се крие зад „косовскиот преседан“
Амбасадорот на Русија во Белград, Александар Боцан Харченко изјави дека во Србија постои теза дека неговата земја ја искористила „суверенизацијата“ на Косово и посочи дека Москва нема потреба да се крие зад „косовскиот преседан“. „Целта, сигурен сум, е единствена – да се внесе раздор во нашите односи со Србија. Но, нашиот пристап е фер и отворен. Не ни треба да се криеме зад „преседанот“, рече Боцан-Харченко во текст објавен во весникот Политика. Според него, ако се прочитаат изјавите на претседателот на Русија Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, се разбира дека државниот врв „пред сè ја става заштитата на националните интереси на Русија, обезбедувајќи ја безбедноста на татковина и строго го следи меѓународното право во своите постапки“.
Страднер: Руското влијание и ескалацијата меѓу Србија и Косово
Боцан Харченко додаде дека во контекст на решавањето на косовското прашање тргнуваат од истата премиса и истакна дека позицијата на Русија е непроменлива, односно дека треба да се бара правично решение во дијалогот меѓу Белград и Приштина, во меѓународни рамки дефинирани во Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.