Лажна дојава за поставена бомба во училиште во Охрид
Изутрината на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа, но по направените потребни проверки утврдено е дека станува збор за лажна дојава, информира МВР. „Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа“, се посочува во соопштението.
МВР: Завршија проверките - лажни се сите дојави за бомби во училиштата
Од МВР наведуваат дека веднаш по добиената пријава полициски службеници презеле мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Веднаш по добиената закана, учениците и присутните во објектот на училиштето биле веднаш евакуирани и за случајот била известена полицијата.