Вагон од патнички воз излизгал од шините кај „Кадина Река“, нема повредени
Еден вагон од патничкиот воз на релација Гевгелија – Скопје изутрината околу 7 часот излизгал од шините на станицата „Кадина Река“, меѓу Велес и Скопје. При инцидентот нема повредени патници, изјавија од „ЖРСМ – Транспорт“.
Македонски железници - долга и тажна приказна
Во моментот на инцидентот во возот имало 150 патници, кои со друг воз се префрлени во Скопје“, велат од „ЖРСМ – Траснпорт“. Сообраќајот на железничката линија Велес – Скопје во моментов е во прекин.