Времето денеска: претежно облачно со повремени врнежи
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе се движи од 2 до 11 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 8 степени.