Иран ја потврди 40-годишната затворска казна за Белгиец „поради шпионажа“
Иран ја потврди казната од 40 години затвор за Белгиец кој беше прогласен за виновен за шпионажа, а тој ќе добие 74 удари со камшик, пренесе Тасним, пренесува Ројтерс.
Белгиецот е осуден за шпионажа, соработка со САД против Иран и перење пари.
Белгискиот државјанин ги отфрли сите обвиненија.
Хуманитарниот работник Оливие Вандекастиле моментално е единствениот Белгиец во затвор во Иран, па се претпоставува дека казната се однесува на него.
Тој беше уапсен во Иран во февруари 2022 година и осуден на затвор во декември. Тогаш не беа соопштени деталите од обвинението.
Белгија побара да биде ослободен веднаш по неговото апсење.