Министерот Османи ја претстави програмата на претседавањето на Македонија со ОБСЕ
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена ја претстави програмата на Претседателството на Северна Македонија во 2023-та година. Во своето обраќање, министерот Османи се осврна врз предизвиците со кои ќе се соочи Северна Македонија за време на претседавањето со најголемата светска регионална безбедносна организација во 2023 година, имајќи ја притоа предвид длабоката, политичко-безбедносна и економска криза во која се наоѓа регионот на ОБСЕ.
Министерот Османи кон средината на месецов ќе го посети Киев
Пред Постојаниот совет, Османи ја презентира програмата на претседавање под мотото „За луѓето се работи“, во која примарен фокус ќе бидат токму луѓето и хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност и нестабилност. Османи стави посебен акцент врз ангажирањето со младите и граѓанското општество како движечки сили за градење живи и еластични демократии. По свечената инаугурација на Северна Македонија за претседавач со ОБСЕ за денеска е предвидена прес-конференција на Османи и генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Марија Шмид. Северна Македонија го презеде од Полска претседавањето со ОБСЕ на 1 јануари 2023 година.