Тркалезна маса за евроинтеграцискиот процес на земјата
Денеска во Клубот на пратеници ќе се одржи тркалезна маса „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија – членка на ЕУ до 2030 година“, во организација на Советот на амбасадори. Предвиден е посебен панел „Ефективна борба против организираниот криминал и корупцијата: Европски добри практики и домашна реформска агенда“. На тркалезната маса, како што е најавено, меѓу другите, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорите на Шведска, Франција, Холандија, Хрватска, Чешка и Романија и заменик-шефот на амбасадата на САД.
Лидерите на албанските партии во Македонија разговарале во Тирана за европската иднина на двете земји
Целта на настанот е размена на мислења во врска со евроинтегративниот процес на земјата и регионот на Западен Балкан, како и по однос на најдобрите европски практики и домашната реформска агенда на полето на борбата против корупцијата.