Бабиш и Павел одат во вториот круг на претседателските избори во Чешка
Во првиот круг Бабиш води со 35,7 отсто од гласовите, Павел освои со 34,7 отсто, а економистката Данус Нерудова била трета со 13,9 отсто. Бабиш и Павел ќе се сретнат во вториот круг за две недели доколку се одржат резултатите, бидејќи ниту еден кандидат не постигна мнозинство гласови во првиот круг.
Претседателски избори во Чешка, фаворити екс премиерот Бабиш и генерал Павел
За овие избори, според проценките на аналитичарите, ќе одлучуваат неопределени гласачи, кои ги има невообичаено многу: од петтина до третина од гласачкото тело според различни анкети.