Повредени 70 полицајци во Германија за време на протестите против проширување на рудник
Околу 70 полицајци беа повредени во судирите со илјадници демонстранти за заштита на животната средина, кои се противат на проширувањето на рудник за јаглен во западна Германија, соопшти германската полиција денеска.
Околу 15.000 демонстранти, според полициските информации, или 35.000 како што тврдат организаторите, на 14 јануари протестираа против проширувањето на отворен рудник за јаглен во градот Луцерат во западна Германија. Меѓу демонстрантите беше и шведската еко-активистка Грета Тунберг.
Кризата ја зголемува употребата на јаглен, расте и ризикот по здравјето
Полицијата соопшти дека против 150 лица е покрената правна постапка и дека состојбата на терен денеска е мирна.
Германските активисти тврдат дека демолирањето на селото со цел да се прошири рудникот ќе резултира со испуштање на големи количини јаглеродни емисии, додека пак германските власти сметаат дека јагленот е потребен за државата да се обезбеди со енергенси.