Времето денеска: претежно облачно
Претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе се движи од 4 до 12 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 8 степени.