Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Македонските политичари со пораки до граѓаните за Водици

Македонскиот претседател Стево Пендаровски во честитката до граѓаните кои го прославуваат христијански празник Богојавление – Водици, со желби за здравје, радост и бериќет. Тој во пораката наведе дека чинот на фрлање на светиот крст и годинава ќе не собере покрај македонските води за заедно да го посведочиме јавувањето на Бог и да ги наполниме срцата со надеж и верба.


„Симболиката на прочистените води нека ни биде мотив за духовно прочистување и инспирација за добри дела. Да негуваме разбирање слога и човекољубие, постојано дарувајќи љубов, грижа и внимание“, се вели во честитката од Пендаровски.


Премиерот Димитар Ковачевски во својата честитка упати порака за обединување во стремежот за мир и просперитет.


„ Денеска заедничко добро е да се осигура мирот и да се обезбедат егзистенцијата и просперитетот со разбирањето, грижата едни за други и со заедничка поддршка на развојот. Како предизвик и обврска на секој совесен човек, повикани сме сите кон оваа цел да ги вложиме и обединиме нашите стремежи,“ вели Ковачевски во писмото.




Претседателот на Собранието Талат Џафери во честитката до граѓаните за Богојавление им посака да ги надминат сите препреки и потепкотии.


„Единствената и најважна цел за сите нас секогаш ќе биде просперитетна и безбедна иднина, за мир во земјава, за еднакво, правично, напредно и пред сѐ, хумано општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен и ќе се грижи подеднакво за личниот и колективен напредок на земјата.  Нека водата која е симбол на Богојавление ги однесе сите препреки и тешкотии и нека помогне со бистар ум и јасна цел да донесеме државнички одлуки кои значат живот за Република Северна Македонија“, напиша Џафери во честитката по повод денешниот празник Богојавление – Водици.


Опозицискиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им посака обедунување на граѓните и помоголем мотив за борба за подобра иднина. Тој во својата честитка до граѓаните испрати и политичка порака.


„Денес сме соочени со пад на вредносните принципи, особено на полето на политиката и кај оние кои ја практикуваат власта. Сведоци сме дека оние кои што се во највисоките структури на власта се личности на кои ништо не им е свето и кои се водат само од бизнис и материјални интереси. Таквите личности се изворот на криминалот и корупцијата кои ја осиромашуваат Македонија и кои ги прават граѓаните се повеќе апатични и безнадежни. Целта на овие луѓе во власта е да ја осиромашат Македонија и духовно, да ја убијат надежта на народот и така да владеат со понижен и скршен народ“, се вели во неговата честитка за празникот.

 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *