Трета среќа од осум обиди за Ниневски кој го фати крстот
Положениот крст во осветен Вардар годинава го фати скопјанецот Кристијан Ниневски. Тој вели дека за него ова е трета среќа од осум обиди. Православните верници денеска го слават празникот Богојавление.
Празникот се нарекува уште и Водици поради осветувањето на водите на овој ден. Годинава околу 130 верници се пријавени за фаќање на крстот во Скопје
Васко Довлев од Варош беше најсреќниот меѓу многубројните верници кои денеска на Богојавеление – Водици скокнаа во Охридското Езеро и го извади осветениот крст.
Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј го положи крстот во Охридското Езеро, а потоа го благослови Довлев. Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваа на литија во Охрид и на традиционалното положување на светиот крст во Охридското Езеро.
Годинава за празникот Богојавеление – Водици околу 400 капачи беа пријавени, но како и секоја година влегоа поголем број верници во Охридското Езеро.