Премиерката на Нов Зеланд поднесе оставка
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн денеска изјави дека ќе поднесе оставка од функцијата што ја извршува до 7 февруари, затоа што како, што вели ги исцрпила своите сили.
При потврдувањето на националните избори во октомври, Ардерн рече дека нема моќ повторно да се кандидира и дека не може да го продолжи лидерството. Таа најави дека ќе поднесе оставка од лидерската функција во Лабуристичката партија и дека во наредните денови најдоцна до 7 февруари ќе се гласа за утврдување на нејзината замена.
„Се надевав дека ќе го најдам она што ми требаше да продолжам во следниот период, но за жал не го направив тоа, и ќе му направам лоша услуга на Нов Зеланд ако продолжам. Јас сум човек, и политичарите се луѓе. Даваме се што можеме онолку долго колку што можеме“, изјави Ардерн.
Ардерн со 37 години во 2017 година стана најмладата жена шеф на влада во светот. Нејзиниот мандат беше проследен со пандемијата „Ковид-19“ и големите катастрофи, вклучително и терористичкиот напад на две џамии во Крајстчерч, како и големата вулканска ерупција.
На прашањето како би сакала Новозеланѓаните да го паметат нејзиното лидерство, Ардерн рече дека отсекогаш сакала да биде запаметена како премиерка која секогаш се трудела да биде љубезна.