Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Покренато обвинение против Алек Болдвин за убиство од небрежност во пукање

Актерот Алек Болдвин и специјалистот за оружје на филмскиот сет  ќе бидат обвинети за ненамерно убиство во фаталното пукање на кинематографер Халина Хачинс кој беше убиен на филмски сет во Ново Мексико. Во соопштеението од Обвинителството е наведено дека станува збор за „криминалното непочитување на безбедноста“. 



Окружниот обвинител во Санта Фе, Мери Кармак-Алтвис, објави соопштение во кое ги посочи обвиненијата против Болдвин и Хана Гутиерез Рид, кои го надгледуваа оружјето на сетот на „Раст“.



Хачинс почина набргу откако беше ранета за време на пробите на ранчот на периферијата на Санта Фе на 21 октомври 2021 година. Болдвин вперуваше пиштол во Хачинс кога пукна пиштолот, убивајќи ја и ранувајќи го режисерот Џоел Соуза.






Помошникот директор Дејвид Холс, кој му го предаде пиштолот на Болдвин, потпиша договор да се изјасни за виновен за небрежна употреба на смртоносно оружје, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител.



Ненамерното убиство може да вклучи убиство што се случува додека обвинетиот прави нешто што е законско, но опасно и постапува небрежно или без претпазливост.



Обвинението е кривично дело од четврти степен, казниво со затвор до 18 месеци и парична казна од 5.000 долари според законот во Ново Мексико. Обвиненијата, исто така, вклучуваат одредба што може да резултира со задолжителна петгодишна затворска казна бидејќи делото е извршено со пиштол.


Андреа Риб, специјален обвинител за случајот, на сетот на филмот  за новинската агенција Асошиетет пред изјави дека постои „шема на криминално непочитување на безбедноста“.



„Ако некој од овие тројца луѓе - Алек Болдвин, Хана Гутиерез Рид или Дејвид Холс - ја завршеше својата работа, Халина Хачинс ќе беше жива денес. Толку е едноставно“, рече Риб. 




На актерот Алек Болдвин во раце му бил даден пиштол реквизит за кој му било речено дека е безбеден и дека во него нема вистински куршуми, што подоцна се покажа неточно и резултираше со смрт на директорката на фотографија, а беше ранет режисерот, соопшти полицијата на 23 октомври 2021 година. 


Помошникот режисер кој му го дал пиштолот на Болдвин во раце, не знаел дека во него има вистински куршуми, пишува во извештајот на полицијата.


Болдвин на снимањето на филмот „Рѓа“ ја усмрти директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза кога пукал од пиштолот реквизит. Хачинс починале во болница, а Соуза е пуштен на домашно лекување.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *