Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Сопругата на новинар на РСЕ во Белорусија осудена на затворска казна поради изјава

Судот во западниот белоруски град Брест ја осуди на две години затвор Дарја Лосик, сопругата на затворениот новинар на РСЕ, Ихар Лосик, под обвинение за  екстремистичката активност во Белорусија. Судот ја изрече пресудата еден ден по почетокот на судењето, а казната беше токму она што ја побара обвинителот.


Канцеларијата на јавниот обвинител соопшти дека обвинението против Дарја Лосик произлегува од интервјуто кое таа го дала за полскиот телевизиски канал Белсат, кој Минск официјално го означи како екстремистичка група. За време на интервјуто таа „се позиционираше како сопруга на „политички затвореник“, велат од канцеларијата.


„Таа ја изрази својата лична негативна оценка за државните органи вклучени во кривичното гонење и правдата. Таа исто така рече дека нејзиниот сопруг не извршил никакви кривични дела и дека бил незаконски осуден. Таа ги повика роднините на другите осуденици да го следат нејзиниот пример“, се вели во соопштението на Обвинителството.


Дарја Лосик беше приведена во октомври откако полицијата изврши претрес во нејзиниот дом. Четиригодишната ќерка на Дарја и Ихар Лосик, Паулина, моментално е со родителите на Дарја.




Соединетите Држави повикаа на итно и безусловно ослободување на Дарја Лосик, додека претседателот на РСЕ, Џејми Флај, исто така побара итно ослободување и го осуди нејзиното приведување од страна на белоруските власти.


Ихар Лосик во декември минатата година беше осуден на 15 години затвор по обвиненијата кои остануваат нејасни. Сопругот на прогонетиот белоруски опозициски лидер Свјатлана Циханускаја, Сјархеј Цихануски, како и четворица други блогери и опозициски политичари и активисти, беа осудени на долги затворски казни заедно со Лосик во тоа време. Лосик и другите обвинети тврдат дека случајот против нив е политички мотивиран.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *