Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Вучиќ: Србија е подготвена на спроведување на европскиот план за нормализација на односите со Косово

Србија е подготвена да го прифати концептот и да работи на спроведувањето на европскиот план за нормализација на односите меѓу Србија и Косово , изјавил српскиот претседател, Александар Вучиќ по средбата со европско-американскиот тим дипломати во Белград, пренесува балканскиот сервис на РСЕ. 



По средбата со претставниците на Европската унија, САД, Франција, Германија и Италија, Вучиќ изјавил дека „за едно важно прашање“ од планот, покажал „секаква грижа и резерва“, но без да прецизира за што станува збор, наведувајќи дека не може да зборува за тоа бидејќи планот не е јавен.



Вучиќ рече и дека на средбата „недвосмислено бил соочен со проблемите и предизвиците“ кои би биле претставени пред Србија доколку не се согласи со предложениот план. Тој додаде дека „под овие и такви услови“ побарал од претставникот на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, од специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар и од претставниците на Франција, Германија и Италија на средбата да помогнат во „надминување на турбуленциите со кој се соочуваат во Косово“.



„Она за што се согласуваме е дека замрзнатиот конфликт не е решение“, рече Вучиќ по средбата во Белград. Повтори дека итно мора да се формира Заедница на општини со српско мнозинство. „Тоа е прашање на итност, бидејќи дури потоа е можен разговор и враќање (на претставниците на Србите) во институциите (на Косово) и секаков вид нормализирање на ситуацијата“, рече Вучиќ.


Лајчак на чело на тимот дипломати од ЕУ и САД во посета на Белград и Приштина


Претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак изјави дека на средбата претседателот на Србија „покажал одговорен пристап и подготвеност да носи тешки одлуки во интерес на мирот и европската перспектива на Србија“.



Имавме интензивна и тешка, но искрена и отворена дискусија, а резултатот е дека сме охрабрени“, рече Лајчак.



Тој изјави дека ЕУ, САД, Франција, Германија и Италија „остануваат убедени“ дека европскиот план за Косово, кој беше претставен во септември и беше разговаран со Вучиќ, „е најдобар начин за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово и за европската интеграција на регионот“. Додаде и дека целосното спроведување на договорот за Заедницата на општините со српско мнозинство е клучно за стабилноста. 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *