Кина ја прослави Новата лунарна година со раст на смртните случаи од Ковид 19
Кина ја прослави Лунарната Нова Година на 22 јануари, а официјалните претставници пријавија скоро 13.000 нови смртни случаи од коронавирусот меѓу 13 и 19 јануари. Лунарната Нова Година е најважниот празник во Кина.
Вкупно 26,2 милиони патувања се направени во ноќта со железница, автопат, брод и авион, што е половина од нивото пред пандемијата, но за 50 отсто повеќе од лани, објавија државните медиуми. Сепак на јавните прослави во Пекинг и другите големи градови имаше помалку луѓе отколку во годините пред пандемијата.
„Експертите не очекуваат големо зголемување на бројот на инфекции со Ковид-19 во следните два или три месеци, бидејќи околу 80 отсто од кинеското население беше заразено за време на неодамнешниот бран“, објави на Веибо, Ву Зунју, главен епидемиолог во кинескиот Центар за контрола на болести.
Болниците и погребалните служби беа преоптоварени откако Кина на 7 декември ја укина „нулта ковид“ политиката, најстрогиот светски режим на контроли за Ковид 19 кои вклучуваа масовно тестирање и карантини.
Олеснувањето на мерките дојде откако земјата ги доживеа најголемите протести во последните неколку децении, кои ескалираа во директна критика на претседателот Си Џинпинг и Кинеската Комунистичка партија.
Кина ги ублажува рестриктивните мерки под притисок на протестите
На 14 јануари, Кина објави скоро 60.000 болнички смртни случаи поврзани со Ковид-19 меѓу 8 декември и 12 јануари, што е огромен пораст од 5.000 смртни случаи колку што беа пријавени во текот на пандемијата.